еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Застарува и „Талир“, кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ

По измените на Кривичниот законик пред застарување е уште еден случај на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Талир“, кој се однесува на финансирањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристоска. На вчерашното рочиште таа предложи, а судијата треба да донесе одлука на наредното за застарување на делото „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Адвокатот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и исто така обвинетиот Илија Димовски, побараа од судија да донесе решение за застарување и во нивните случаи.

Шабани најави дека на наредното рочиште, на 10. ноември, ќе се произнесе по сите предлози.

Во случајот се обвинети и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Божиновски и Јанакиески, се товарат за „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „Перење пари“, како и Димовски, а Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, се обвинети само за делото „Перење пари“.

Чингаровска призна вина и се спогоди со Обвинителството, за што доби условна казна од две години.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Застаре и „Змиско око„, судењето траеше 16 години, обвинетите ќе бараат максимална оштета од државата

Застаре и предметот за Ивона Талевска и Љупчо Димовски, „Продуцент“

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил суспендираниот судијата Мустафа Шахини, чии мандат е продолжен за две години

Редакција

Воземирувачко видео од местото на сообраќајката кај Три Чешми во која загина 37-годишен маж од Гевгелија

Редакција

Денеска променливо облачно, попладне локално невреме со пороен дожд

Редакција