еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

На овогодишното Генерално собрание на Американската стопанска комора (AmCham), генералниот директор и претседател на Управниот одбор (УО) на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, е избран за нов член на Одборот на директори на оваа организација, која претставува платформа за вмрежување, размена на искуства, споделување на најдобрите деловни практики и за застапување на интересите на нејзините членки, чиј број во земјава во моментов изнесува преку 140 субјекти, информираат од компанијата.

„Алкалоид“ е членка на Американската стопанска комора од 2000 година и еден од нејзините патрони од 2013 година. Компанијата земала активно учество во многу комитети и работни групи на „AmCham“, меѓу кои Комитетот за здравствена заштита, Комитетот за корпоративна општествена одговорност, Работната група за донации и за спонзорства, Работната група за правата од интелектуална сопственост, Комитетот за развој на работна сила и многу други поврзани со работењето на „Алкалоид“.

Заедно со „AmCham“ „Алкалоид“ има поддржано и учествувано на многу значајни настани во земјава, како што се Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) во 2022 и во 2023 година, информативните сесии за можностите за финансирање компании, трговските мисии, Б2Б-активностите со меѓународни делегации и други.

За „Алкалоид“, кој важи за еден од најголемите македонски извозници, соработката со регионални и со меѓународни платформи е од огромно значење, велат од таму.

„За мене членството во Одборот на директори на ’AmCham’ претставува нова можност да придонесам за иницирање и за промовирање позитивни промени во непосредното деловно опкружување, но и за да поттикнам подобрување на деловната клима и унапредување на условите за одржлив развој“, истакна Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на компанијата.

Во Одборот на директори на „AmCham“ на денешното годишно собрание избрани се и Иван Костиќ, генерален директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“, Александра Ивановска, генерален директор на „Рош Македонија“, и Душан Митрев, генерален директор на „Пивара Скопје“.

Работата на Одборот на директори на Американската стопанска комора е фокусирана на унапредување на регионалната соработка, како и на соработката со клучните владини институции и со Амбасадата на САД, а еден од суштинските аспекти на овој одбор е мотивирање и охрабрување на членките на „AmCham“ да бидат гласот на прогресивниот бизнис-сектор. Мрежата на „AmCham“ низ Европа брои 46 подружници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради сериозноста со коронавирусот не патувајте во Северна Италија, препорачува МНР

Редакција

Кој е пратеникот од СДСМ кој не гласаше за дневниот ред за седницата за уставните измени, но и за францускиот предлог

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во јули

Редакција