еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Помеѓу Охрид и Струга има ринг за борби на кучиња на јавна површина

Од Јавното претпријатите за третман на кучиња, „Лајка“ Скопје информираат дека на јавна површина во околината на Охрид, на излезот према Струга, има ринг за борба на кучиња.

Од таму велат дека организатори на борбите на кучиња се “ликови, добро познати и на полицијата“.

-Си организираат борби и мува не ги лази (заради наша безбедност моравме да ги цензурираме лицата). Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави (претходно во кампот Андон Дуков се организираа, и ширум други струшки и тетовски села), со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала (од наши извори дознавме дека еднаш и била набркана кога по пријава отишле на сред една ваква борба полна крвопролевање на недолжни битија), велат од таму.

Од таму велат дека со ваквите борби се прекршуваат низа закони.

-Што дека низа законски одредби се прекршуваат, некои имаат “привилегија” да се ставаат над законите, и притоа иако закон прекршуваат да се закануваат на оние што закони почитуваат и важат за чесни и совесни граѓани.

Свесни поради ризикот по нашата безбедност не се осмелуваме да пријавиме во полиција, каде несомнено ги има и лица ближни на овие ликови.

Локацијата е добро позната и на полицијата, која ако е доследна на заклетвата која ја дала и на она што нејзина должност е, би проделувала на основ и на оваа објава и доказен материјал (да, и сликите се доказ, за оној што на правината и доброста сакаат да им служат), на ова очигледно прекршување на законите и дивеење ширум државава.

Не може и не смее за некого законите да важат (и за најмали ситници), а за некои да не важат (и за вакви големи зла).

Кутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања. Од овие зла, подлога се создава и за зла учинувани и врз луѓе, тешко таа држава која таа вистина не умее или не сака да ја воочи, велат од таму.

Фото/видео: Лајка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Редакција

Освен со подводен дрон, во потрагата по Мартин се вклучени и волонтери

Редакција

(ВИДЕО) Извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Македонија

Редакција