Пратеникот Арбен Зибери од ДУИ, синоќа гласаше за новата Влада од посебна кабина во Собранието, изолиран од другите пратеници.
Тој денеска се огласи преку статус на Фејсбук во кој појаснува дека не се чувствувал добро, но дека сè уште незнае дали е заразен со коронавирусот.
„Би сакал да ве известам за дилемите што се шират од моментот кога требаше да присуствувам во Собранието на Северна Македонија на состанокот предвиден за гласање на новата влада.
Од утрото не се чувствував добро и за да не го загрозувам здравјето на другите, во соработка со претседателот на Собранието како и со колегите, решив да гласам согласно протоколите или сам во кабината, без никаков контакт со другите колеги“, напиша Зибери.
Додава дека сè уште не направил тест за да знае дали е заразен со Ковид-19.
„Јас не го направив тестот за да разберам дали сум позитивен на Ковид-19, па затоа ги молам медиумите и порталите да не манипулираат. Ви посакувам добро здравје на сите“, напиша Зибери.
Фото: Влада