еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка, додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Заев

Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Зоран Заев, изјави на денешната прес-конференција пред седиштетото на партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ваквите теми, нагласи тој, само одат во прилог на оние против кого се бориме и додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Зоран Заев.

Во однос на иницијативата за вонреден конгрес, Мицкоски рече дека таква иницијатива нема стигнато, ниту поднесено во архивата на партијата и оцени дека тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев.

– Од она кое што можам да го видам, ги гледам истите оние луѓе кои што сега се гласни, за разлика од изминатите 32 месеци, кога беа тивки, кои што работеа и ровареа внатре во партијата. Ширеа поделба на членовите и молеа бога само ова ВМРО-ДПМНЕ да не успее, бидејќи беа силно заседнати во скутот на Зоран Заев и се молеа на неговата милост.

Истите тие себе се нарекоа иницијатори и истите ги поканив да се качат во кабинетот да видиме на кој начин се поднесува иницијатива за свикување вонреден конгрес и кои би биле причините за тоа, изјави Мицкоски.

Изминатите месец и половина, посочи тој, оставив простор да видам предлог и алтернатива на луѓе кои, за себе, како што рече, си мислат дека се алтернатива и за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, но такво нешто нема.

Во однос на новата влада на Зоран Заев, порача дека е со стари, истрошени и компромитирани кадри, која нема иднина и ќе падне пред својот мандат на граѓански протести.

– Зло како оваа влада не се руши одеднаш, туку со многу битки и труд и паѓање на оваа власта на рати. Ова денес е почеток на крајот на СДСМ. Ако ме прашувате каква иднина не чека. Оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. Ќе мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини, изјави Мицкоски.

За тоа како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече, со жестока критика и на страна на народот, како и со организирани масовни граѓански протетси.

Најпосакувано сценарио на Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата, реагираат од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите, реагираат од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да си поднесе оставка.

Иницијативниот одбор, во својата реакација, го поздравува тоа што Мицкоски, реши да го прекине молкот и неговото исчезнување и криење од јавноста, но исто така, изразуваат и жалење што, после исполнувањето на вториот услов за оставка – неформирање влада, не собра храброст и демократски капацитет да ја понуди својата оставка пред членството на партијата.

– Членството најдобро знае дека единствен виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер е Христијан Мицкоски. Човек што нема храброст да заземе став по ниедно прашање, човек што се крие на денот на избори и не им се заблагодарува на оние кои трчале за него, нема капацитет да го води ВМРО ДПМНЕ, се вели во реакцијата од Иницијатвиниот одбор за свикување на вонреден конгрес.

Мицкоски, стои во реакцијата, пред изборите тврдеше дека според навигацијата што ја имал и релевантните анкети, ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ, додека на изборите се виде дека или лажел, или немал харизма за да ја материјализира таа предност или едноставно се договорил и му ја подарил победата на Зоран Заев.

– Што и да е, подеднакво е лошо и недозволиво за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите. Тоа не е опција, нагласуваат од  ни за членството, ни за Македонија, се вели во реакцијата.

На крајот, од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес посочуваат дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде сериозна алтернатива и ќе го совлада Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ најави масовни антивладини демонстрации есенва

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По две одложени рочишта, денеска треба да продолжи судењето за „Рекет“

Редакција

Годишен раст од 5% на вкупните депозити и од 9,6% на вкупната кредитна поддршка во ноември

Редакција

Министерот Димитров се збогуваше со рускиот амбасадор во Македонија, Шчербак

Редакција