еМагазин
Image default
Македонија

Злате Лозановски на местото на Бранко Геровски во „Слободен печат„

Од Слободен печат ги известуваат читателите дека главниот и одговорен уредник на печатеното издание на Слободен печат, Бранко Героски поднесе оставка на функцијата што ја обавуваше до денеска.

„Му се заблагодаруваме на г-динот Героски на досегашната работа и неговиот огромен придонес во создавањето на весникот и негоовото етаблирање кај читателската публика. Неспорен е фактот дека Героски заедно со неколку други личности е покренувач на денес најтиражниот дневен весник во Република Северна Македонија.

Што се однесува до наводите во оставката на г-динот Бранко Героски, се согласуваме со констатацијата дека постоеле одредени разлики, но според нас тоа беа разлики кои имаа импакт во доменот на бизнис стратегијата з натамошен развој на одредени сегменти на компанијата Слободен печат.

Инаку кога станува збор за автономноста на уредувачкиот избор на теми и програмска политика, тие секогаш биле и ќе бидат исклучиво право но и голема одговорност на секој главен и одговорен уредник на весникот.

Слободен печат нема да отстапи од својот курс во определбите да биде критичен кон сите општествени девијации, а во духот на независен, слободоумен и стилски високо квалитетен дневен весник со демократска определба.

На крајот да информираме дека Бранко Героски и натаму останува вработен во компанијата Слободен печат со сите привилегии и бенефиции кои ги уживаше и досега.

Воедно ја известуваме читателската јавност дека на функцијата главен и одговорен уредник на печатеното издание на Слободен печат од денес е именуван досегашниот заменик главен и одговрен уредник г-динот Злате Лозановски на кого му посакуваме успешна работа“, велат од Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ: Од „Слободен печат“ да ги разјаснат причините за изнудената оставка на Героски

Бранко Героски поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“

Фото: Фејсбук/Слободен печат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку шест лица уапсени во голема полициска акција за апсење криумчари на мигранти

Редакција

Починатиот маж од коронавирусот во Штип имал двострано воспаление на белите дробови

Редакција

Ревакцинирани вкупно 745.415, трета доза примиле 625 граѓани

Редакција