еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ и СЕММ бараат итна истрага за нападот врз новинарот Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот нa порталот „Буре весник”, Зоран Божиновски.

Според објавите во медиумите, нападот се случил вчера вечер во Битола, пред неговата куќа и нанесени му се тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица. Случајот е веќе пријавен во полиција.

– Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело. Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, велат од ЗНМ и СЕММ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Се огласи претепаниот Божиновски: Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е вознемирено и потресено

(Вознемирувачко фото) Претепан новинарот Зоран Божиновски, МВР го потврди случајот

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишуваше Груевски пред да побегне за одењето во затвор: “Нека ме уапсат, затворат и малтретираат“

Редакција

Детален преглед на активни на Ковид-19 по скопските општини: Центар и Аеродром со над 200

Редакција

Шест лица починале дома: Од Ковид-19 починаа 14 лица

Редакција