еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 37 случаи со Ковид-19 и 33 оздравени, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 649 тестови, а регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 37 новозаболени од Скопје се 27, Штип – 2, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Делчево, Берово и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 11 реинфекции.

Од 33 оздравени пациенти од Скопје се 25, Прилеп и Кавадарци  – по 3, Охрид – 2.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.964, бројот на оздравени пациенти е 334.162, на починати е 9.561, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандија за преговорите со ЕУ: Зелено светло за Македонија, блокада за Албанија

Редакција

Универзитетската клиника за детски болести вработува 46 лица, плата од 19.200 денари

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ ги стави на располагање своите ресурси во борбата против коронавирусот

Редакција