Адора инженеринг одбележува 22 години успешно постоење, како компанија предводник во високата градба, цврсто етаблирана и во други стратешки бизниси, информираат од таму.
-На 28. август 2002, на празникот Голема Богородица и Денот на рударите, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, потврден стопанственик и врвен менаџер во компании со државна и приватна сопственост, ја основа Адора инженеринг, со примарна дејност градежништво, висока градба.
Брендот прерасна во синоним за изградба на докажано стабилни, висококвалитетни, иновативни недвижности, со импозантен биланс од над 400.000 m² изградена површина резиденцијални и деловни објекти.
Со диверзификација на бизнисот, компанијата сериозно навлезе во финансискиот сектор и енергетиката.
За успешноста и високите резултати на оваа компанија сведочат и добиените 100-тина признанија и награди во Македонија и на интернационално ниво.
Круна на незапирливиот развој на овој реномиран бренд е изградбата на современата установа за социјална заштита на 150 корисници, возрасни лица, „Оаза Адора Илинден Скопје“, што треба да биде отворена до крајот на годинава и се надоврзува на хуманата димензија на компанијата, велат од таму.
Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец се познати по филантропската традиција, преку изобилството позитивни практики за поддршка на заедницата, посочуваат од таму.
Одбележувањето на 22 годишнината на овој пред сè градежен бренд, е и во духот на најновиот урбан симбол, станбено-деловниот комплекс „Порта Скопје Адора“, што наскоро ќе почне со изградба во строгиот центар на македонската метропола.
Покрај Македонија, Адора инженеринг успешно делува и во соседните држави Србија и Грција.
-Генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој во посветената работа изминатите 22 години, со многу непроспиени ноќи, нема користено ниту еден ден годишен одмор, изразува голема благодарност на неговото семејство, поранешните и сегашни вработени, на респектабилните институции, деловните партнери и сите добронамерници, без кои Адора инженеринг немаше да биде тоа што е денес и да одбележува 22 години успешна македонска градителска приказна, велат од таму.