Aлбанија ќе се одвои од Македонија на патот за пристапување во Европската Унија, едногласно одлучиле амбасадорите на земјите членки на ЕУ, објави „Еурактив“.
На меѓувладина конференција во октомври Албанија ќе го отвори првиот кластер „Темелни вредности“ кој вклучува неколку поглавја – јавни набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола.
„Еурактив“ оценува дека ова е добра вест за Албанија, но е назадување за Македонија која „уште еднаш не успеа да направи одлучувачки чекор во пристапувањето кон Унијата.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.