Македонскиот амбасадор во Норвешка и Исланд, Дритон Кучи, поранешен министер за економија, најави дека ќе се врати во државата, откако Министерството за внатрешни работи го побара на информативна средба во врска со трагедијата во Кочани.
„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба.
Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.
Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.
Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред,“ напиша Кучи на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Кучи