Државниот завод за статистика соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежал раст од 2,3 отсто.
Поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9,5 проценти, а 8,7 проценти во Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално растеле за 4,7 проценти, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 74,5 процети.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,4 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,2 проценти.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од годинава бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.
БДП во првиот квартал изнсуваше 1,2 отсто, а со ребалансот на Буџетот е проектиран на износ од 2,1 процент.
Фото: Унсплеш