еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Бигорски манастир го поддржува намалувањето на цените заради милосрдието кон сиромашните во пресрет на Божиќ

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово и Велигден, Бигорската Обител секоја година се обраќа до јавноста со цел да повика на солидарност, милостивост и автентично прославување на празниците, испраќајќи апел до сите правни субјекти, односно до сите трговци и сопственици на маркети и на големопродажни објекти, да се вклучат конструктивно и сеопфатно во иницијативите за намалување и непоскапување на цените на производите.

На тој начин, како што велат од Бигорски манастир, милосрдно и општествено одговорно ќе се пристапи кон посиромашните категории и ќе се овозможи и тие да ги почувствуваат празничните денови во радост, заедништво и барем помала безгрижност.

„Намалувањето на цените на основните производи од потрошувачката кошница е древна, но и современа практика насекаде во светот, но за жал, не и во македонското општество. Трендот на поскапување на цените во пресрет на големите христијански празници, го наследивме од претходниот атеистички општествен систем, кога верата била ставена на маргините од општеството.

Пред овој лишен од вистинско човекољубие режим, нашите предци постојано се грижеле за сиромашните, трудејќи се на секаков начин да им го олеснат бремето на животот, помагајќи им достоинствено да си ги прослават празниците, со што и автентично ја сведочеле верата, која според апостолот, е непостоечка без добри дела.

Имајќи предвид дека ваквите апели може да повлијаат на економските придобивки на трговците, сепак, сметаме дека многу важна компонента на празникот Божиќ е засилување на добродетелноста на давањето од своето и од себе, и затоа на оваа доблест гледаме како на жртва, чиј најсовршен облик го имаме во Христовите личност и дела,“ велат од Бигорски манастир.

Од таму изразија поддршка до премиерот Христијан Мицковски, кој вчера побара трговците оваа кампања да ја сфатат како општествена кауза – прекупотребна за нашето сенародно единство, која се темели врз добродетелните вредности на верата и врз моралот, како вредносен општествен систем.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи во Берлин се сретна со бугарскиот колега Милков: Провокациите на поединци и групи не треба да ги загрозат добрососедските односи

Редакција

Ескалацијата на состојбата во Украина ќе удри и по македонскиот џеб

Редакција

Нови 982 случаи на Ковид-19 од 2.805 тестирања

Редакција