Новата министерка за енегетика Сања Божиновска која во својата биографија не наведе дека има (ла) и бугарско и чешко државјанство, тврди дека повеќе не поседувала бугарски пасош и државјанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
360 степени: Министерката Сања Божиновска има и бугарско државјанство
Бугарскиот пасош, како што вели во допис до јавноста, и требал за извршување деловни активности во Европската Унија (ЕУ).
Вели дека бугарското државјанство не го навела во официјалната биографија, затоа што повеќе ги нема овие документи.
-Поради транспарентноста за која сите се залагаме на почеток сакам да појаснам дека првиот пат кога добив прашање од новинарите беше дали поседувам бугарско државјанство. Мојот одговор беше не, бидејќи процедурата за отпуст од истото беше финализирана од моја страна, неколку месеци пред воопшто да добијам можност да бидам министерка во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди таа.
Информира дека нејзиното барање за отпуст од бугарското државјанство било прифатено, а сите неопходни документи предвидени во постапката биле соодветно поднесени.
Пасошот во меѓувреме и бил истекол.
-Дополнително, јас веќе ја информирав јавноста дека пасошот со кој располагав е со истечен рок на важност, а од моја страна никогаш не беше поднесено барање за негово продолжување.
Ова говори повеќе од јасно за мојата одлучност да се откажам од бугарското државјанство, кое, како што посочив претходно, го поседував исклучиво заради моите деловни активности на територијата на ЕУ.
Имајќи го сето ова предвид, јас навистина не би можела да наведам во биографијата дека поседувам бугарско државјанство и пасош, вели Божиновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Сања Божиновска, кандидат за министер за енергетика
Фото: Божиновска/Фејсбук