еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бојкотот на маркети во БиХ неуспешен, во Црна Гора го намали прометот за 56,14%

Бојкотот на маркети, кој се организираше изминатиов петок во Босна и Херцеговина е без ефект, јавуваат тамошните медиуми.

Податоците на Даночната управа на Федерацијата покажуваат дека прометот во маркетите бил дури и поголем во однос на претходниот ден и во однос на истиот ден од претходната недела.

На 31. јануари вкупниот промет во БиХ изнесувал 251.568.163 конвертибилни марки, а во трговските објекти 101.908. 646 КМ.

На 30. јануари бил регистриран вкупен промет од 199.668.251 КМ, а во трговијата биле остварени 101.538.760,53 КМ.

Една недела порано, на 24. јануари, вкупниот промет бил 175.927.100 КМ, од кои 92.287.812 КМ биле од трговските објекти.

Бојкотот пак на петте најголеми трговски синџири во Црна Гора на 31. јануари паднал за 56,14% во споредба со истиот ден од претходната недела, соопшти црногорската Даночна управа.

Бојкотот се однесуваше на супермаркетите „Воли Трејд“, „Хард Дискон Лаковиќ“, „Идеа-ЦГ“, „Домашна трговија“ и „Мегапромет“.

На 24. јануари, овие трговски ланци оствариле приход од 2.790.909 евра, додека на денот на бојкотот таа сума се намалила на 1.224.172 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојкот успешен, цените останaа исти, ќе има ли нов?

Бојкотот го преполови прометот во маркетите, се намалил за 47% информираат од УЈП

Бојкот е успешен, како и што треба, велат вработени во маркетите

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 13.700 евра: Основниот суд Струга купува патничко возило

Редакција

Бензиска пумпа „Мира Петрол“: Твитерџиите мајтапџии за новото име на Градски стадион

Редакција

(Видео) Силно невреме во Неготино поплави објекти и трафостаница на ЕВН

Редакција