Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова доби затворска казна од три години и десет месеци за претходното дело – поседување и продавање дрога.
Од Апелациониот суд Скопје денеска информираа дека претходната воспитна мерка е преиначена во затворска казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор
„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи.
Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци“, стои во пресудата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постапката која се води Васил Јованов, проширена и за неговите родители
Јованов, кој ја усмрти Кулакова, ќе одговара за најтешкото кривично дело
Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка