еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вања Ѓорчевска е пронајдена мртва

Потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска заврши трагично, пронајдено е нејзиното безживотно тело.

Според МВР, таа и исчезнатиот фризер од Велес, 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, чие тело исто така е пронајдено, биле убиени поради изнуда на пари.

„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен и таткото на убиената Вања, три лица се во притвор, едно е недостапно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зошто откази за роднините? Признавате непотизам? Нели се беше легално?“: Твитер за отказот на мајката на Костадинов

Редакција

Чаир на „тронот“: Има повеќе активни случаи и од Штип, Тетово и Куманово

Редакција

(Фото) Ѓорге Давид кој прегази жена кај Табановце, која почина, не смее да ја напушти Македонија: Српскиот музичар топ тема во регионот

Редакција