еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чаир на „тронот“: Има повеќе активни случаи и од Штип, Тетово и Куманово

Скопската општина Чаир има најмногу активни случаи на Ковид-19 не само во рамките на Град Скопје, туку и на национално ниво.

Според податоци на Министерството за здравство, заклучно вчера, во Чаир има 302 активни случаи, што е повеќе од бројот во градските општини со најголем број на активни случаи во Македонија, кои во вкупната бројка опфаќаат и случаи и од неколку рурални општини.

Па така, Чаир има повеќе активни случаи од Тетово (второ место), каде има 261, од Куманово (трето место), каде има 207, и од Штип (четврто место), каде има 202 активни случаи.

Скопски општини кои имаат над 100 активни случаи на Ковид-19 се: Аеродром – 118, Бутел – 110, Гази Баба – 104 и Центар – 105.

Во Скопје вчера беа регистрирани дури 97 нови случаи на заразени со Ковид-19.

Заклучно вчерашните податоци, во Скопје има вкупно 1.995 случаи на заразени со Ковид-19, од кои активни се 1.323.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентите со корона вирусот ќе можат да се лекуваат и во приватни болници

Општата болница во Охрид со речиси исполнети капацитети за прием на пациенти заболени од коронавирусот

Двајца здравствени работници од Инфективната клиника и 36 од ГОБ „8 Септември“ заразени со Ковид-19

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор со Никоб вреден 3,2 милиони евра

Редакција

Македонски планинар загина на Олимп

Редакција

Распродажба во УЈП: Се продаваат 300 парчиња биде, ниви, автомобили, вино, цистерни…

Редакција