еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Велешкото виногорје домаќин на првиот светски натпревар за сортата вранец

За првпат во светот ќе се одржи меѓународен вински натпревар посветен на сортата вранец – Vranec Selection by CMB. Оваа специјална манифестација, чиj домаќин е здружението „Вина од Македонија“, е во организција на еден од најстарите европски вински натревари Concours Mondial de Bruxelles.

Настанот ќе се одржи во периодот од 5 до 7. декември 2023 во велешкото виногорје во Македонија и истиот е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од друштвото за Германска Меѓународна Соработка – ГИЗ.

Vranec Selection by CMB ќе ги оценува македонските, како и регионалните вина од сортата вранец од земјите на Балканот. Целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот.

Сортата вранец, позната и како „црн пастув“ (анг. Black Stallion), е така наречена поради својата исклучително темна боја, тешко скротлив дух и моќ. Таа ќе биде главна ѕвезда на оваа винска приказна.

Оценувањето на вината ќе биде доверено на околу 20 вински судии, критичари, новинари од целиот свет, секој со богато искуство во светот на виното. Тие ќе имаат задача да ги проценат вината за да се изберат најдобрите вранец-вина за 2023.

– Vranec Selection by CMB е повеќе од обичен вински натпревар, тоа е винско патување низ есенцијата на оваа сорта. Со одржување континуитет на вакви настани важни за македонската винска индустрија во иднина, ја промовираме нашата земја како конкурентна винска земја достојна на признание во винскиот свет. Овој натпревар отвора можност и за славење и на други балкански регионални сорти и нивна промоција, велат од „Здружението Вина од Македонија“.

Оваа македонска винска асоцијација постои од 2010 година и има за цел да ги обедини домашните винарии и да го промовира имиџот на македонското вино низ целиот свет.

Здружението е организатор на манифестацијата „Светскиот ден на вранецот“ која се одржува континуитет од 2019 и ја промовира оваа сорта не само државата, туку и секаде низ светот.

Во 2023 основана е и асоцијацијата Балкански вина со поддршка од ФАО и ЕБРД која има за цел да ги промовира локалните вински сорти на Балканот како што е вранецот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протестот за „Монструм“ заврши, дел од учесниците се обидоа да предизвикаат инциденти

Редакција

Каков имот пријавил Зоран Димитровски, новиот заменик министер за надворешни работи

Редакција

(Фото) Шекеринска, Царовска, Богоевски: Кои политичари дадоа подршка на Парадата на гордоста

Редакција