еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија и Унгарија се координираат за идните чекори за таксата за руски гас наметната од Бугарија

Министерот за економија Крешик Бектеши денеска остварил работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, информираат од Министерството.

Тема на состанокот на кој што присуствувал и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски била таксата за руски гас која што ја наметна Бугарија.

Двајцата министри разговарале за следните чекори кои што ќе се превземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која како што се согласија е нелегална и е непријателски чин.

На состанокот била договорена заедничка кородинација на владите на Македонија и Унгарија во насока на превземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас.

Министерите Бектеши и Сијарто се согласиле дека дивиерзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период.

Унгарија е помеѓу првите 10 трговски партнери на Македонија, значаен политички и економски партнер и странски инвеститор во земјата, со нагорен тренд на трговската размена и континуиран суфицит на извозот од наша страна.

Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските банкари во одбрана на Народната банка

Редакција

Расте бројот на должници на УЈП, и кај фирмите и кај граѓаните

Редакција

Прилепски Тутунски комбинат во првите три месеци од годинава работел со загуба

Редакција