еМагазин
Image default
Бизнис

Прилепски Тутунски комбинат во првите три месеци од годинава работел со загуба

Финансискиот резултат за Тутунски комбинат АД Прилеп за период 01.01.2021-31.03.2021 година
покажува загуба во износ од 68.457 илјади денари, информираат од Комбинатот преку Македонската берза.

“Споредбено со претходната 2020 година во истиот период, исто така имаме негативен финансиски резултат од 60.431 илјади денари.

Оперативните приходи се намалени за 21% во однос на претходната 2020 година.

Причината за ова намалување на оперативните приходи е резултат на не реализирана продажба на откупениот тутун. Во овој период имаме зголемување на залихата на тутун, кој што треба да подлежи на дополнителна манипулација и дообработка, а самото тоа допринесе за зголемување на трошоци за преработка.

Оперативните расходи се намалени за 0,37% односно од 65.786 илјади денари на 65.537 илјади денари.

Намалувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

Трошоците за вработените се зголемени за 8% во однос на претходниот период, тоа се должи на зголемувањето на плататата на вработените.

Финансиските расходи изнесуваат 15.101 илјади денари, што претставува зголемување за 55% во однос на претходниот период, кога изнесувале 9.693 илјади денари.

Ова зголемување на финансиските расходи се должи пред се на зголемувањето на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

Оперативна загуба за периодот 01.01.2021 – 31.03.2021 година изнесува 68.457 илјади денари наспроти оперативната загуба од претходниот период во износ од 60.431 илјади денари, каде има зголемување на загубата за 13%“, информираат од Комбинатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи Тутунски комбинат Прилеп да преземе 700 тони тутун од вишокот од последната реколта

Иван Костиќ нов директор на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карбо Нова ги објави акционерите кои поседуваат над 5% од акциите

Редакција

МВР склучи со “Вп – пласт инжинеринг“ вреден 575,6 илјади евра

Редакција

Поради зголемен обем на работа: УЈП вработува 25 лица, плата до 37.755 денари

Редакција