еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) 29-годишна жена од Македонија загина во сообраќајка кај Солун

Жена од Македонија на возраст од 29 години денеска загина во сообраќајка кај Солун, а три жени кои биле со неа во возилото се повредени, јавија грчките медиуми.

Една од нив била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба и таа е во сериозна состојба.

Сериозни повреди има и жена на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Верија.

Третата, 25 годишна жена, е исто така тешко повредена, но надвор од животна опасност.

Во несреќата е повреден и маж на 74-годишна возраст, од другото возило.

Несреќата се случила во близина на градот Нисели на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција.

Видео: Alexandreia Gidas

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа: Звучни имиња меѓу фирмите кои добиле државна помош, а не им дале плата на вработените

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл купи земјиште и во Кавадарци

Редакција

(Видео) Кејт Миделтон со порака по завршувањето со хемотерапии: Ракот не научи да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот

Редакција