Бојан Јовановски-Боки 13, кој поради здравствени проблеми привремено излезе од затвор, каде заврши за случајот „Рекет“ објави преработка на песната на Миле Барбаровски, „Само една песна таговна“, која пред неколку години ја испеа еден од најдобрите македонски пејачи на сите времиња, Пепи Бафтировски.
За преработката има и видео, режирано од Даниел Јовески, а во кое се појавува и неговата мајка, Јасминка Јовановска на која е посветна песната, како и на неговиот татко, Миле Јовановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Боки 13 најави документарно-игран филм “Рекет“
Јовановски пред извесно време најави и документарно-игран филм со наслов „Рекет“.
Тој е обвинет за уште еден случај, за кој судењето е во тек, а е поврзан со неговото здружение „Меѓунареден сојуз“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13
На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“
Видео/фото: Промо