еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Грузија ги замрзна преговорите со ЕУ, „војна“ по улиците на Тбилиси, САД го прекина стратешкото партнерство со земјата

Новата влада на Грузија, предводена од партијата „Грузиски сон“ одлучи да го замрзне пристапувањето на земјата во Европската Унија (ЕУ), поради „уцени и манипулации од одредени европски политичари и бирократи“.

Граѓани веќе неколку дена протестираат против оваа одлука, а улиците на главниот град Тбилиси се протворија во „воено поле“. Уапсени се и стотици лица.

Против одлуката на Владата е и претседателката Саломе Зурабишвили, која најави дека нема да го заврши својот мандат, кој и завршува во декември, додека не се организираат нови парламентарни избори. Таа смета дека парламентот нема легитимитет и дека „нелегитимен парламент не може да избере нов претседател и затоа нема да има инаугурација“.

По одлуката на грузиската Влада, САД го прекинаа стратешкото партнерство со Грузија.

Како што се наведуваат од Стејт департментот, одлуката на „Грузиски сон“ е спротивна на ветувањето дадено на грузискиот народ и вградено во Уставот дека земјата ќе се залага за целосна интеграција во Унијата и НАТО.

Фото: Унсплеш/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Њујорк тајмс објави снимка од ракетниот напад врз соборениот украински авион во Иран

Редакција

Македонците од Бугарија не се откажуваат, ќе се отвара приватен македонски клуб во село кај Пловдив

Редакција

Државниот карантин се заменува со домашна изолација со негативен тест на Ковид-19

Редакција