еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Спасени четири лица, меѓу кои и дете, кои залутале во клисурата на Пчиња

Четири залутани лица, две жени, еден маж и едно дете (на возраст од 29, 18, 35 и 7 години) доцна синоќа биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје – Велес.

„Спасители со чамец по Пчиња од Катланово стигнале до опасната локација каде што биле залутаните лица и безбедно ги извлекле од десниот на левиот брег, а потоа и до автопатот. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење, информираа од Центарот за управување со кризи.

Изгубената група се обидувала по стрмен терен да стигне до манастирот Мала Богородица, по што се загубиле и немале можност да се вратат.

Спасителите беа од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“, заедно со припадници на САЕ „Тигар“. По реката спасителите наишле на многу препреки, па на неколку места чамецот го пренесувале на раце, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеле. Студенилото, мракот и влажноста дополнително ја отежнувале потрагата, а залутаните лица имале само лесна дневна облека, маички по кратки ракави,“ информираат од ЦУК.

Рано утрово, во два часот по полноќ лицата биле безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот.

Фото/Видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат скопски таксист: Не сакале да му платат за возењето

Редакција

(Видео) Бидете подготвени за зимски услови и поплави

Редакција

Притворени двајца дебарчани кои чувале рачни бомби и муниција во штала

Редакција