еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Концерт пред грчкиот Парламент и нови масовни протести денеска за железничката несреќа кај Темпи

За денеска низ Грција се најавени нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи пред две години во која загинаа 57 лица, претежно млади, јавува допсиникот на еМагазин од Солун.

Протести преку ден вчера имаа студентите во Атина, Солун, Волос…, а синоќа се одржа и голем концерт пред грчкиот Парламент на кој настапија бројни познати грчки музичари.

Истовремено во тек е и судскиот процес за големиот пожар во Мати, во кој во 2018 година загинаа 104 лица, што дополнително ја вжештува атмосферата во земјата.

Судењето е во втор степен, по жалбата на Обвинителството за првостепената пресуда од минатата година, кога 15 обвинети беа ослободени, а шест добија петгодишна затворска казна, што можеа да ја откупат за околу 40.000 евра.

Обвинителката која го води случајот бара 12 од 21. обвинето лице да бидат прогласени за виновни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На Грција и се случува Србија, нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО Цел Солун на улица: еМагазин на историски најмасовниот протест, во чест на жртвите од железничката несреќа кај Темпи

Фото: еМагазин/видео/фото: Х/News24/7

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 389: Починаа уште 4 пациенти заболени со Ковид-19

Редакција

Апасиев и Таравари потврдија дека има ново парламентарно мнозинство

Редакција

Иран призна дека ненамерно го соборил украинскиот авион во кој загинаа 176 лица

Редакција