еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По смртта на двајца пациенти во прилепската болница, Обвинителството отвори предмет

Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале.

Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали во болницата биле затворени.

-Исто така, Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза, соопштија од Јавното обвинителство.

Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат Прилеп и од ЈЗУ Општа болница Прилеп.

Како што се посочува во соопштението, издадена е и наредба до МВР – ОВР Прилеп да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите.

По извршените проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако почина пациентка, затворени операционите сали во болницата во Прилеп, се чекаат резултати од испитувањата

Седми ден операциските сали во болницата во Прилеп остануваат затворени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат, Канал 5, Сител и Телма ја тужат ДИК поради цените за изборното рекламирање

Редакција

Има доволно време матурантите да се подготват за испитите, ќе нема прашања од периодот на штрајкот

Редакција

Одложено судењето за „Титаник“: Не се појавил Мартин Протуѓер, издадена наредба за полициско спроведување

Редакција