еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Се наоѓаме на врвот на бранот на омикрон

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“22.01.2022. Останува на сила вчерашната констатација дека се наоѓаме на врвот на бранот на Омикрон сојот.

На првиот дијаграм, зелената линија (подвижната средина на дневниот број на нови случаи) веќе го исцртува врвот.

На вториот дијаграм факторот на растот практично е еднаков на единица (1,005), што значи дека во просек повеќе немаме раст на броевите, независно од дневните случајни варијации.

На третиот и четвртиот дијаграм ги гледаме решенијата на диференцијалните равенки на SIR моделот за предвидување на бројот на вкупни, затворени (оздравени заедно со починати) и активни случаи во наредните денови.

Моделот предвидува дека бројот на активни случаи ќе биде максимиран за околу 5 дена на околу 22.000 случаи, под услов редовно да се затвораат случаите.

Во вторник вообичаено (поради насобраните тестирања преку викендот) има поголеми бројки, меѓутоа и тие не би требало да направат голема промена.

На четвртиот дијаграм, фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи) забележуваме исто така скоро настапување на врвот на активните случаи.

Моделот беше малку корегиран, за да го земе во предвид пократкото време од отворање до затворање на случаите.

Овој интервал порано изнесуваше просечно 18,5 дена, додека сега изнесува просечно 11,5 дена.

Зелената и сината линија на четвртиот дијаграм во последно време одат прилично блиску една до друга, што значи дека случаите навремено се затвораат.

Конечно, на петтиот дијаграм забележуваме дека просечниот дневен број на починати расте (портокаловата линија), а врвот би требало да биде достигнат за околу една недела.

Сепак, тој врв ќе биде двојно понизок од врвовите во претходните бранови, пради рекордно ниската стапка на леталитет, којашто моментално изнесува само 0,95%“, пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: „Нема да има претрупување на болниците, ниту многу поголеми дневни броеви на починати од сегашниве“

Проф. Трајковски: „Најголем дел од случаите со омикрон, можеби и над 90% се асимптоматски“

Проф. Трајковски: „Вакциналните сертификати во кафеана не се никаква гаранција- вакцините не штитат од заразување со омикрон сојот кој е 100% доминантен“

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска седници на раководството на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Битолскиот полицаец ја призна вината за свирепото убиство на својот сограѓанин

Редакција

Реконструкцијата на Владата и денеска на дневен ред во Собрание

Редакција