еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За влез во Косово три дози или две дози вакцини плус ПЦР тест

Поради влошување на состојбата со Ковид-19 во Република Косово, нивните власти завчера донесоа нова одлука, која итно уште од вчера стапи на сила, а со која се засилува режимот за влез на државјаните на Македонија, информираа од македонското Министерство за надворешни работи (МНР).

“Со новата одлука, за влез во Република Косово потребно е да се приложи потврда за примена трета доза вакцина против Ковид 19, или потврда за две дози на вакцина заедно со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.

И со новата мерка ограничувањата не важат за влез на малолетни лица до 12 години, како и одредени исклучоци кои се поврзани со транзит низ земјата, слетување и полетување на приштинскиот аеродром и други случаи во кои лицата не престојуваат подолго од 3 часа во земјата.

Додека лицата кои не се вакцинирани поради здравствени причини, при влез во Косово се задолжени да поседуваат потврда за истото од доктор специјалист заедно со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа“, велат од МНР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстично намален прометот на Македонската берза

Редакција

(Фото) Кој го пречека Папата Франциск на аеродромот во Скопје

Редакција

(Фото) Прв работен ден на министерката Нина Ангеловска: Три „опасни блондинки“ дискутираа за државните финансии

Редакција