еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Мини-фестивал „Саботи на светска музика“ на 17. февруари во Јавна соба

Со концертот на неофолк бендот „Калата“ во сабота, во Јавна Соба на 17. февруари започнува сесијата „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.

Со овој проект, Јавна соба ќе даде посебен акцент, во форма на мини фестивал, секоја сабота, на најдоброто од нашата држава во жанрот – светска музика.

„Калата“ е неофолк бенд од Скопје, Македонија, кој прави паралела помеѓу источната и западната култура, со акцент на традиционалната македонска музика.

Без ограничувања, музичарите се потпираат на своите чувства и инспирација и со тоа, се слободни да го свират она што ќе го побара нивната имагинација.

Од 2018 година, „Калата“ настапува низ целата земја, вклучително и Д-Фестивал, Пин Музичка конференција и некои европски фестивали како MMVV (Barcelona) и Balkan Most Festival (Veszprem).  Калата е исто така дел од MOST Music Programme – балканска музичка експорт програма, што поддржува светски музички уметници и бендови од Балканот.

Нивниот прв албум „Калата“ ќе биде објавен на почетокот на 2024 година, а дел од овој материјал ќе биде претставен и пред публиката во Јавна Соба на 17. февруари.

Членови на „Калата“ се: Минела Богдановиќ – вокал; Марија Илиевска – бек вокал; Симеон Ангеловски – бас; Александар Бошков – гитара; Кирил Кузманов – саксофон; Дамјан Грујо – тапани.

Јавна соба веќе ги најави и следните домашни музички артисти кои се дел од овој проект – прекрасната и уникатна Зарина Првасевда со својот бенд, како и веќе добро познатите Фолтин од Битола.

Поради ограничениот број на публика, овие интимни музички сеанси ќе можат да се купат само онлајн на drugastrana.mk.

„Светско, а наше – Саботи на светска музика“ е во организација на Јавна Соба од Скопје.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И моето дете има право да ги користи сите права, како и другите, вели Џафери за синот кој ќе стане обвинител

Редакција

Твитер за првата дебата на Силјановска, Река и Пендаровски: „Да сум Заев или Мицковски више не би се појавил ни на интервју“

Редакција

Дури 455.100 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Редакција