еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Приведено 17-годишното момче што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово

Приведен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово.

„Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 година во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово.

Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело.

Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Откорната табла на Конзулатот на Србија во Куманово – топ тема во српските медиуми

(Видео) Момче завиткано со албанското знаме ја откорнало таблата на Конзулатот на Србија во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 664 пациенти

Редакција

Нови 421 случаи на Ковид-19, во Скопје 211

Редакција

Убава вест: Оздравени 374 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција