Пронајдено е 35-годишно исчезнато лице од Дурфулија, во бесознание кај реката Брегалница, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Истовремено додека низ државата беснеат многубројни пожари се одвиваше напната спасувачка потрага и мисија, покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото на Атиџе од Медена Земја, с. Бекирлија, најпрво во животнозагрозувачка состојба беше пронајдено, а потоа и спасено 35 годишно исчезнато лице од с. Дурфулија, општина Лозово, кое на носилки беше пренесено преку реката Брегалница а потоа качено во хеликоптер и пренесено до Државната болница во Скопје,“ велат од ЦУК.
Фото/Видео: ЦУК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.