еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Сите добитници на Оскар

Синоќа во Лос Анџелес беа доделени најпрестижните филмски награди – Оскар.

Адријан Броди го доби Оскарот за главна машка улога за филмот „Бруталист“.

Мајки Медисон го доби Оскарот за главна женска улога за филмот „Анора“.

Киран Колкин го доби Оскарот за споредна машка улога за филмот „Вистинска болка“.

Зое Салдања пак го доби Оскарот за споредна женска улога за мјузиклот „Емилија Перез“.

Оскарот за најдобра режија го доби Шон Бејкер за филмот „Анора“.

Оскарот за најдобар филм го доби „Анора“.

За анимиран долгометражен филм Оскарот го доби „Поплава“.

Во категоријата краток анимиран филм, Оскарот го доби „Во сенката на чемпресот“.

Оскарот за најдобра кинематографија го доби филмот „Бруталист“.

Оскар за најдобри костими доби филмот „Злобница“.

Оскарот за најдобар документарен долгометражен филм го доби филмот „Нема друга земја“.

За документарен краток филм Оскар доби „Единствената девојка во оркестарот“.

За најдобар странски филм, Оскарот го доби бразилскиот филм „Се уште сум тука“.

Оскар за најдобра шминка и фризура доби филмот „Супстанца“.

Оскарот за најдобра песна ja доби „Ел Мал“ од филмот „Емилија Перез“.

За најдобар продукциски дизајн Оскар доби филмот „Злобница“.

За најдобар краток игран филм Оскар доби „Не сум робот“,

Оскар за најдобар звук доби филмот „Дина, втор дел“, а филмот доби Оскар и за најдобри специјални ефекти.

Оскар за најдобро адаптирано сценарио доби филмот „Конклава“, а за оригинално сценарио филмот „Анора“, кој освои Оскар и за најдобра монтажа.

Фото: Промо/видео: ABC News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција на плажа ќе може и со руска и со кинеска вакцина

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 1.411

Редакција

(Видео) Без поголеми инциденти, во Белград сепак се маршираше на Европрајд

Редакција