Новиот вознемирувачки предизвик на социјалната мрежа ТикТок, наречен „Супермен челинџ“ стигнаа и во Македонија.
Поради истиот средношколец од скопското средно училиште „Михајло Пупин“ вчера заврши во Градската општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“, објави агенцијата Мета. Детето е добро.
Станува збор за предизвик во кој деца и тинејџери се снимаат како скокаат врз испружените раце на нивни врсници, имитирајќи го Супермен, кои потоа треба да се одбијат од рацете на врсниците и да застанат на подот исправени на нозе.
Но, како што може да се види од бројни снимки кои кружат на ТикТок, се случува децата намерно да не го прифатат врсникот кој скока врз нивните раце, за да падне, да тресне на подот и да се повреди, па токму поради тоа и завршуваат со фрактури.
Вакво видео од дворот на скопското средно училиште “Здравко Цветковски“, објави порталот Скопје 1.
View this post on Instagram
Видео: Скопје 1/Фото: Унсплеш