еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Како ќе изгледаше светот доколку природата и универзумот беа корумпирани

Во Скопје се случи урбана акција насловена „како ќе изгледаше светот доколку природата и универзумот беа корумпирани“.

Акцијата е организирана по повод Светскиот ден на борба против корупцијата.

„Kорупција во Македонија години наназад е во рангот на оние во Гамбија, Гвајана, Косово, Монголија и Панама. Од 44 држави во Европа, само две годинава се рангирани како покорумпирани од Македонија, која реномето за длабоко корумпирана земја го одржува со години. Еден од клучните атрибути за ваквото реноме е корупцијата при јавните набавки.

Се проценува дека најмалку една четвртина од парите кои што се трошат за јавни набавки завршуваат во приватни џебови.

Едновремено едни од најгласните критики кои Македонија ги добива од Европската унија се токму критиките за корупцијата. Со оваа акција на сликовит начин се обидуваме на граѓаните да им објасниме колку многу наши пари (пари на граѓаните кои властите ги управуваат, а не се нивни) се трошат за коруптивни зделки и се одлеваат во приватни џебови додека образованието, науката, културата, социјалата, здравството, екологијата страдаат“, велат организаторите на акцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџииите се испокараа за физичкиот изглед на Силјановска, првиот кандидат за претседател на државата

Редакција

Десетминутни овации по премиерата на текстот „Генетиката на Глембаеви“ во Република Српска

Редакција

Вјоса Османи е новата претседателка на Косово

Редакција