еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Српските студенти блокираа три телевизии, се судрија и со полицијата

Српските студенти кои од ноември лани протестираат откако во Нови Сад на Железничката станица и падна настрешницата, при што загинаа 15 лица, меѓу кои и македонскиот научник Васко Саздовски, од синоќа блокираа три телевизии – РТС во Белград, РТ Војводина во Нови САД и Радиотелевизија Крагуевац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саздовски кој загина во Нови Сад, како врвен научник работел и на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Синоќа студентите се судрија со полицијата, при што полицаец повреди друг полицаец во цивилка, а за повредата, српските власти ги обвинија студентите.

Претседателот Александар Вучиќ дури и  се фотографираше со повредениот полицаец.

За 15. март се најавени големи протести низ Србија, а проценките на српските медиуми се дека многу работи може да излезат од контрола.

Вучиќ пак најави контрапротест на 28. март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големи протести низ Србија по повикот на студентите за генерален штрајк

Видео: Фејсбук/Ал Џезаира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик генералниот директор на Фершпед, Иван Петровски, поднесе оставка

Редакција

(ВИДЕО) Драстични мерки: 16 милиони луѓе во Италија во карантин поради коронавирусот

Редакција

Нови 148 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Кочани

Редакција