Во вчерашната несреќа во која автомобил излета од патот во реката Вардар загинаа три жени.
Се уште се трага по маж, а петгодишното дете кое било во автомобилот е во стабилна состојба.
Несреќата се случи на патот од Рашче кон Кондово и Сарај, скопско.
Како што информираа од Центарот за управување со кризи, телата на жените беа пронајдени во автомобилот, а детето е спасено од случајни минувачи, кои го извлекле од автомобилот.
Возилото е извлечено од реката.
Дететo е згрижено на Клиниката за детска хирургија во Скопје и имало почетна хипотермија. Задржано е за понатамошни опсервации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил излета во Вардар, во него биле лица од исто семејство од Грчец
Видео: Алсат М
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.