еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиника Жан Митрев

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри, информираат од таму.

Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување.

Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника Жан Митрев, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники, посочуваат од таму.

Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина.

Клиника Жан Митрев со проширувањето на дејностите постојано воведува нови хируршки и терапевтски интервенции и поставува нови стандарди во здравствената пракса во земјава, за подобра нега и здравствена услуга за пациентите, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески го запали „францускиот предлог“ на собраниската говорница

Редакција

Ќе остане ли Ременски потпретседател на Собранието откако беше осомничена во „Рекет“?

Редакција

Зголемување од 10,5%: 902 нови случаи на Ковид-19 за една недела во 29 градови

Редакција