еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Четири лица се повредени откако се преврте и запали возило кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

Во сообраќајка која се случи синоќа во Скопје околу 21 часот се повредени четири лица, кои се префрлени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Засега нема официјални информации за сериозноста на нивните повреди, а дел од медиумите објавија дека тие се сериозни.

Несреќата се случи во близина на мостот „Гоце Делчев“, откако се судриле „шкода” и „бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблички.

По сударот возилото “шкода“ се превртело и се запалило, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Видео: ТВ Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јануари поевтинува струјата за домаќинствата во прв и втор блок и за малите потрошувачи

Редакција

Која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци

Редакција

Неколкумина го тепале бидејќи ги турнал при разминување во локал

Редакција