еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Визер нема да лета од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија Визер, со стапување во сила на зимскиот ред на летање, нема да лета од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм.

Засега нема информации дали ќе продолжи да лета на овие дестанации со пролетниот ред за летање, а на сајтот на компанијата повеќе не можат да се купат карти за овие дестинации.

Визер нема да лета од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон, а за да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми фреквенциите од Скопје за Дортмунд. Во ноември и декември ќе има летови по шест пати неделно, а околу Нова година и Божиќ ќе лета секој ден.

На патниците што летаа за Копенхаген, Данска, им останува можноста да летаат до соседниот аеродром Малме, во Шведска, а засега Визер не го има зголемено бројот на овие летови.

Стокхолм моментално останува непокриен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул од следната година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Клуге: Пандемијата не е завршена, вакцинацијата е клучна

Редакција

(ВИДЕО) Првиот човек на Алкалоид, Мукаетов: Не кочи бирократијата на границите, тоа треба да се реши

Редакција

(Фото) г.г. Стефан на ифтарска вечера кај Џафери

Редакција