Витаминка АД Прилеп лани остварила добивка од 68,515 илјади денари, која е зголемена во однос на истиот период претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Претходната година добивката на Витаминка изнесуваше 29,804 илјади денари.
Остварените единечни вкупни приходи за 2023 година изнесуваат 3.485.210 илјади денари и во споредба со остварените во 2022 година бележат пад од 9%.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година за извештајниот период бележат пад од 10%.
Падот на вкупните приходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период и најголемо влијание има падот на цената на маслото за јадење, велат од таму.
Остварените единечни вкупни расходи за 2023 година изнесуваат 3.429.814 илјади денари и во споредба со остварените во 2022 година бележат пад од 16%.
-Падот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Витаминка ја зголеми добивката во третото тримесечије
(Фото) 45 години од создавањето на „Стоби флипс“ на Витаминка