еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Витаминка со зголемена добивка во првиот квартал

Витаминка АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварила единечни вкупни приходи од 924,526 илјади денари, кои во споредба со остварените за истиот период лани, бележат раст од 12%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 94%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, додека 6% од вкупните приходи се остварени од продажба на недвижен имот – земјиште.

Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2025 година изнесуваат 892,501 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2024 година бележат зголемување од 13%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2025 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 13,765 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 13%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка откупи сопствени акции

Витаминка лани со намалена добивка

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработените во ЕСМ може да се пријават за принуден одмор, најмногу два месеци

Редакција

Нов успех на македонските фудбалери: Победа над Естонија со 2:1

Редакција

Тројца осомничени за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостиварско, причина недоразбирање во сообраќајот

Редакција