еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Владата, поради топлотниот бран и состојбата со пожарите, донесе одлука за прогласување на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Македонија, во траење од 30 дена.

“Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите.

Се задолжува Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба.

Се задолжува Министерството за финансии да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба“, информираат од таму.

Во одлуката се повикува да се информираат претседателот на Македонија и Собранието за донесената Одлука за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Македонија, согласно член 31 од Законот за управување со кризи.

“За операционализација на Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Македонија, а врз основа на дадениот предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Владата му предлага на претседателот да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справувањето со кризната состојба.

Се задолжува Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата.

Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување“, велат од таму.

Истовремено, Владата упатува апел до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.

За ова, се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – П.О. Скопје, за наредната седница на Владата да информира за состојбите и потребата од ограничување на движењето на лица во шумите и шумските појаси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа тројца нови пациенти од корона вирусот, од Скопје, Дебар и Струмица

Редакција

Шест жртви во поплавите во Словенија, штетата над половина милијарда евра

Редакција

Сергеј Самсоненко купи акции во Жито Полог, сега поседува 19,86% од акциите

Редакција