еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во контакт сме со Фондација од Холандија која има банка на кожни ткива, размислуваме за трансплантација, вели Клековски

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски на денешната прес-конференција рече дека се во контакт со Фондација од Холандија која има банка на кожни графтови (ткива) за да се донесат во Македонија, за да се почне за реконструктивната фаза

„На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете,“ изјави Клековски.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски изјави дека она што радува е што сегашните трансфери кои се прават во странство не се во насока на пациенти кои се критични и интубирани, туку се прави тријажа на пациенти спрема степенот и опсегот на изгореници.

„Оние кои имаат најголем процент и највисок степен на изгореници да се префрлат во референтни центри кои се строго специјализирани за третман на ваков вид повреди,“ рече Стојаноски.

Тој додаде дека неколку тимови на странски лекари од Белград, Израел, Чешка  доаѓаат од центри кои се строго специјализирани токму за ваков тип на повреди и работат на санирање на повредите.

„Тоа се операции што подразбира отстранување на она изумрено ткиво, оштетено ткиво од изгорениците и давање простор тие повреди, тие рани да почнат да зацелуваат.

Овие неколку денови не само што се следеше потенцијалното влошување на состојбата, туку мораше паралелно да се санираат и повредите,“ дополни Стојаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата, уверува Таравари

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре: Во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево

Илчо Гоцевски од Кочани, возачот на Брза Помош кој почина, 11 пати возел до Скопје кобниот ден

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре дожд и грмежи во попладневните часови

Редакција

„Перфектен тајминг“ за скандалот со Асим Муса: ЕУ во ист кош треба да ги стави Македонија и Албанија?

Редакција

(Во живо) Илјадници граѓани пред Влада: Трет ден протест против „францускиот предлог“

Редакција