Во кумановскиот затвор К`шање се обесил осомничениот за убиството на сестра му и внукот, Д. Ѓ. (67) од кумановското село Габреш, објави порталот Сакам да кажам.
Тој беше осомничен и за обид за убиство и на друг внук.
Се обесил со чаршаф кој го врзал за кревет на кат, додека во притворската ќелија имало уште еден притвореник кој спиел.
Самоубиството се случило во понеделник околу 17 часот, а неговото тело го пронашол командирот кој вршел редовна обикола.
Од МВР за порталот го потврдиле случајот, но не дале повеќе информации, со образложение дека станува збор за самоубиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брат во кумановско Габреш си ја убил сестрата и нејзиниот син, другиот внук е ранет
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.