еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје останува без јавен превоз

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје не се донесе одлука за исплаќање на субвенциите од 11 милиони евра за Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), средства кои требаше да се искористат за исплаќање на декемвриската плата на вработените, како и да обезбеди сигурно исплаќање на платите за оваа година.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани, бидејќи сметаат дека „не може Градот постојано да му дава милионски суми на ЈСП“.

Според градоначалничката, Данела Арсовска, пак, советниците од ВМРО-ДПМНЕ намерно создаваат кризи.

Освен автобусите на ЈСП, приватните превозници исто така не возат, со што скопјани практично остануваат без јавен превоз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во стрелиштето во охридската населба Бејбунар

Редакција

Кои се предлог кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија

Редакција

Кумановската „Делукс-ауто“ го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на лимузина вредна 30.000 евра

Редакција