еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се предлог кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг листата на кандидатите за новиот состав на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Највисок просек (76 од максимални 100) има Татјана Димитровска, вработена во Државниот завод за ревизија. Таа е предложена да биде следниот претседател на ДКСК.

За членови на новиот состав на ДКСК се утврдени и судијката во Основниот суд, Софија Спасова Медарска (75,86 поени), двајца досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова Шулев (74,28) и Бесник Џемаиљи (74,14), ревизорите Зоран Богоевски (73,57) и Цвета Ристовска (70,57) и Сервет Демири (67,28), кој доаѓа од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на ЕУ.

Заедно со претседателот ДКСК има седум членови.

Како котираат другите кандидати ОВДЕ.

Мандатот на досегашните членови на ДКСК, претседателката Билјана Ивановска и членовите: Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7. февруари следната година.

Согласно законот тие немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, за реизбор или продолжување на нивниот мандат до изборот на новата комисија.

Во петок собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе избере седум кандидати за идни членови на Државната комисија за спречување на коруцпијата, кои потоа ќе му ги предложи на Собранието на изјаснување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Ниедна земја не може да го држи целиот пристапен процес во заложништво, кажа литванскиот министер Ландсбергис во Скопје

Редакција

МПЦ пред Велигден повика да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот

Редакција