Убиството на 35-годишниот Хабиб Буњаку од Скопје, кој синоќа беше ранет во престрелка на паркинг во скопски Чаир, а подоцна почина во болница, е во фокусот на јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Убиениот во Чаир е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на поранешен функционер на ДУИ
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи ранети се уште две лица, а денеска се уапсени четири.
Денеска детали соопштија и Основното јавно обвинителство, од каде велат дека во престрелката учествувале повеќе лица.
Од местото се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење, а обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат.
Буњаку е син на поранешниот функционер на ДУИ, Екрем Буњаку, и работел во МЕПСО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиениот Хабиб Буњаку работел во МЕПСО
Неговото тело е дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
35-годишниот Хабиб Буњаку е убиен заради недоразбирање во сообраќајот
35-годишен маж убиен, двајца ранети во престрелка во Чаир