Вчера во Скопје се сретнале поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и актуелниот лидер на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Како што пренесе телевизијата Клан, средбата, односно работниот ручек, траел четири часа, а како што пренесоа повеќе медиуми главната тема била засилувањето на т.н. европски фронт и стратегијата за настап на престојните избори.
Порталот А1он пак јави дека средбата била во организација на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, а во координација со шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, а на истата биле „надминати и разликите помеѓу Заев и Ковачевски„.
На Заев му било понудена поактивна советодавна улога во СДСМ.
На средбата се разговарало и за посетата на лидерите од коалицијата „Европски сојуз за промени“, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити на САД.
Фото: Влада