Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе достигне до 38 степени. Потоа се очекува стабилно и многу топло време.
Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота, за кога е најавено дека температурата ќе достигне до 39 степени.
Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер.
Фото: Игор Бансколиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.